УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Почитувани потрошувачи,

Пред за започнете со користење на нашите услуги , би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги затоа ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови.

Користењето на нашата страница односно секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.

1.Политика за Приватност

Со цел да се овозможи користење на услугата за веб продажба на ЛЕКС ЕЛЕКТРИК потребно е ЛЕКС ЕЛЕКТРИК да прибира и да обработува одредени Ваши лични податоци. Конкретно, потребни ни се Вашето име и презиме, адреса за доставување и e-mail адреса, телефонски број и информации за Вашата платежна картичка. Овие информации ги давате во моментот на Вашата регистрација на нашата веб-страна и во моментот на нарачување на производот. Во тој момент Вие истовремено се согласувате да ги дадете Вашите лични податоци, за тие да бидат обработувани од страна на ЛЕКС ЕЛЕКТРИК, за наведената цел.

Вашите лични податоци ќе се користат со цел да можеме навремено и точно да ја испорачаме Вашата нарачка и да ја наплатиме цената за продадените артикли и цената на услугата. Исто така, вашите лични податоци (телефонски број и е-маил) ќе се користат за да Ве информираме за Вашите нарачки. Дополнително, истите ќе бидат искористени за испраќање на нашите понуди и попусти преку Viber СМС и мејлови за промоции. Доколку не сакате да ги добивате нашите промотивни пораки Ве молиме откажете се во секој момент.
Исто така, Вашите лични податоци ќе се користат за континуирано подобрување на услугите кои ги нуди нашата веб-страница, за подобрување на нашата понуда и за поедноставно и пријатно користење на услугите.

ЛЕКС ЕЛЕКТРИК ќе ги користи сите собрани лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени. Исто така, личните податоци ќе бидат чувани во рок и на начин јасно предвидени во согласност со Законот за заштита на лични податоци и сите останати применливи закони, како и сите технички и организациски мерки за безбедност. Како субјект на лични податоци, Вие имате право во секое време да побарате информација за тоа кои лични податоци ние ги поседуваме за Вас, да побарате нивна исправка доколку истите не се точни или да побарате нивно бришење. Покрај тоа, можете да побарате да не Ви се праќа електронска пошта со рекламна содржина на Вашата адреса, без притоа да бидат избришани Вашите лични податоци од нашата збирка на лични податоци.

Сите информации поврзани со или кои произлегуваат од купување направено од наш клиент на нашата веб продавница се сметаат за деловна тајна и се третираат како такви во согласност со законите на Република Македонија.

За сите барања и додатни информации Ве молиме контактирајте нè на shop@lekselektrik.com.mk или на 02/3097132.

Користењето на нашата веб продажба не е возможно без Вашите лични податоци, а Вашата регистрација претставува согласност, ЛЕКС ЕЛЕКТРИК да ги собира и обработува Вашите лични податоци за целите и на начинот опишан во овие Услови на користење.

2. Гаранции и одговорности

ЛЕКС ЕЛЕКТРИК ја управува веб страницата lekselektrik.com.mk/shop од своето седиште во Скопје. Така, ЛЕКС ЕЛЕКТРИК  гарантира дека содржината на оваа веб-страница, како и условите за нејзино користење, се во согласност со законската регулатива на Република Македонија. Од друга страна, ЛЕКС ЕЛЕКТРИК  не гарантира дека содржината и користењето на услугите е во согласност со законите на други држави од кои потрошувачот би можел да пристапи до оваа веб-страница.

ЛЕКС ЕЛЕКТРИК нема обврска да ја контролира или прегледува соржината на изјавите на корисниците како и нивната меѓусебна комуникација која се одвива на овој веб- сајт. Сепак, ЛЕКС ЕЛЕКТРИК  има право да ја отстрани содржината објавена од корисниците, доколку ние сметаме дека таа се состои од навреди, клевети, закани или други работи кои не се прифатливи за нас. ЛЕКС ЕЛЕКТРИКс  не е одговорен за повредите кои ќе ги сторат трети лица на нашиот веб-сајт, без оглед дали таа повреда ги крши правата на лицата кои се гарантирани со важечките закони на Репубика Македонија.

ЛЕКС ЕЛЕКТРИК не гарантира дека нарачаниот производ го има на залиха. Процесирањето на нарачки се врши секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот. Доколку во моментот на процесирање на нарачката нарачаниот производ го нема на залиха, ЛЕКС ЕЛЕКТРИК се обврзува во рок од 7(седум) работни дена да Ве извести за недостапноста на истиот. Во случај на недостапност на нарачаниот производ, доколку производот е платен со платежна картичка, потребно е да ја наведете Вашата трансакциска сметка за враќање на уплатените средства од страна на ЛЕКС ЕЛЕКТРИК.

3. Достава

Курирската служба врши достава до Вашата адреса од понеделник до петок од 8-16h, а во сабота од 9-14h. За таа цел потребно е лице кое ќе биде присутно на адресата посочена за достава. Вообичаен рок за испорака е до 5 работни дена.

Цената на достава на сите нарачки чија вредност е над  1000 денари е бесплатна!
За нарачки чија вредност е помала од 1000 денари цената на достава изнесува 150 денари

Трошокот на испорака е обврска на ЛЕКС ЕЛЕКТРИК во првиот обид за достава. Доколку нарачката биде вратена од курирската служба поради неуспешен обид за контактирање на клиентот, а клиентот сака да ја добие истата, трошокот за испорака е на товар на клиентот. Доколку е потребна замена на големина која била соодветно испорачана од страна на ЛЕКС ЕЛЕКТРИК, трошокот за враќање и преземање нова големина го презема самиот купувач. ЛЕКС ЕЛЕКТРИК  ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина или модел.

4.Право на рекламација

Кога нарачаниот производ ќе Ви биде доставен, должни сте веднаш да го прегледате со цел да утврдите дали производот одговара на Вашата нарачка.

Доколку доставениот производ не одговара на нарачаниот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини отстапува од нарачаното, тогаш Вие имате право за доставениот производ да побарате замена во рок од 15 дена од денот на продажбата. Ова право на замена важи само доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван неговиот изглед, употребни својства,  фабрички етикети и сл.

Во случај кога е доставен несоодветен производ, Ве молиме да не известите на бројот 02/3097132 или на нашата електронска адреса shop@lekselektrik.com.mk и тоа во рок од 24 од моментот на доставувањето. Ние во најбрз можен рок ќе Ве известиме за понатомошните чекори кои треба да бидат превземени со цел да ги остварите Вашите права како потрошувач.

Ако ЛЕКС ЕЛЕКТРИК нема ист таков производ со кој ќе го замени доставениот несоодветен производ, тогаш Вие имате право да барате да Ви се вратат парите за истиот или да чекате производот да го замениме со соодветен кога ќе има таков. ЛЕКС ЕЛЕКТРИК се обврзува да ве извести дали има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Во случај на враќање на парите, тие ќе бидат вратени на сметка која ќе ја наведете во Барањето за замена.

5. Замена на производ

Доколку по прием на нарачаниот производ заклучивте дека сакате да го замените за друга големина или друг производ за ист или повисок износ, Ве молиме да не контактирате на телефонскиот број 02/3097132 или да ни испратите е-маил на shop@lekselektrik.com.mk Неопходно е да го имате бројот на фактурата/испратница и да ни го кажете кодот на производот и големината која Ви одговара.

Потоа се врши физичка проверка во малопродажен објект дали е достапна бараната големина, односно бараниот производ по што добивате насоки и објаснување на процесот за замена на потребната големина, односно замена на производот за друг.

Доколку е потребна замена на големина која била соодветно испорачана од страна на ЛЕКС ЕЛЕКТРИК, трошокот за враќање и преземање нова големина го презема самиот купувач. Спортекс  ја презема обврската за подмирување на трошокот само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина или модел.  Доколку цената на новиот артикал е повисока, клиентот ќе ја доплати разликата, а доколку е пониска, разликата ќе биде вратена на неговата трансакциска сметка.

6. Промена на Политиката за приватност и Условите на користење

ЛЕКС ЕЛЕКТРИК го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и Условите на користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени а со оглед дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.

Овие Услови на користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република Македонија.

7. Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет страницата на ЛЕКС ЕЛЕКТРИК и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

ЛЕКС ЕЛЕКТРИК ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

8. Политика за заштита на личните и доверливи податоци и информации на корисниците на картички

ЛЕКС ЕЛЕКТРИК ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. ЛЕКС ЕЛЕКТРИК не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

ЛЕКС ЕЛЕКТРИК ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. ЛЕКС ЕЛЕКТРИК за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб порталот на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за online плаќање.

9. Политика и услови на доставување на производ и услуга

Испораката на производи порачани по електронски пат, ќе бидат испорачани преку курирската служба која ЛЕКС ЕЛЕКТРИК ја користи  на адресата која е наведена во порачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата. ЛЕКС ЕЛЕКТРИК настојува да обезбеди соодветни информации, цени и залиха на производите, но не може да гарантира дека секогаш се без грешка. Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка или во готово при преземање од курирската служба.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

10. Политика на поврат на средства по траксакција со платежни картички

ЛЕКС ЕЛЕКТРИК ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.