Услови на испорака

Рок На Испорака

По направената нарачка од ваша страна ќе добиете потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.Рокот на испорака на пратката е 5 работни дена. За сите нарачки направени во петок после 16 часот или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден. 

Превземање На Пратки

Курирската служба која врши доставата за нашата компанија пратките ги доставува на адресата за испорака секој работен ден 8 до 16 часот, и сабота од 9 до 14 часот. Затоа ве молиме во тој период да има лице која ќе може да ја прими пратката. Испораката на пратките се врши исклучиво на наведената адреса на вашата нарачка.При превземање на пратката потребно е да се изврши увид на пакетот, случајно да не има некои физички видливи оштетувања. Доколку е видливо било какво оштетувања на пакетот или пак се сомневате дека можеби производот е оштетен, треба да се одбие пратката и во истиот момент да не известите со повик на телефонскиот Број ++ 389 2 3097 132  или на е-мail  shop@lekselektrik.com.mk   Доколку е се во ред со пратката слободно превземете и потпишете ги документите за прием на пратката кои ќе ви ги приложи курирот.  Вообичаено доколку курирот не може да ве пронајде на назначената адреса при нарачка, ќе треба да ве исконтактира на телефонскиот број кој сте го посочиле при креирање на вашата нарачка и да се договорите  за нов термин за испорака на нарачката. Доколку и во тој случај повторно не ве пронајде на посочената адреса нарачката се враќа кај нас. Откако ќе ја примиме ќе ве исконтактираме повторно за да се договориме за повторно испраќање.

Цена На Испорака

Цената на достава на сите нарачки чија вредност е над  1000 денари е бесплатна!
За нарачки чија вредност е помала од 1000 денари цената на достава изнесува 150 денари.

Напомена

Со потврда на нарачката, со кликнување на копчето ПОТВРДИ, Согласни сте со условите за испорака.