Вангел Нечевски Бр.8, Визбегово, 1000 Скопје

++ 389 2 3097 132

info@lekselektrik.com.mk

ИНФО ДЕН – КОЧАНИ

Почитувани,

На ден 06.11 2019 во организација на фирмите “Теком ДОО” Кочани и “Лекс Електрик ДООЕЛ” Скопје се одржа Инфо Ден. Овој промотивно едукативен настан беше со цел да се најави взаемната соработка помеѓу “Теком ДОО” Кочани и “Лекс Електрик ДООЕЛ” Скопје и да се испромовираат дел од производите на  “Schrack Technik” Австрија. 

 Најголем  дел од опремата која беше презентирана e од компанијата “Schrack Technik” за кои “Лекс Електрик ДООЕЛ” е генерален застапник за Македонија. Презентациите имаа за цел да ги приближат новитетите и да го истакнат квалитетот на самата опрема која е препознатлива по самиот квалитет, перфомансите и издржливоста што покажува самата традиција и голем број задоволни корисници и лесната и едноставна монтажа на самите компоненти. На презентациите ги сугериравме новите техничко технолошки трендови од нашата област со пригодни презентации. 

Бакарно шинскиот систем од 60мм беше интерактивно објаснет, со сите негови компоненти и можност за приклучување, држачи и собирници, раставувачи, теретни раставувачи, раставувачи за топливи патрони, адаптери за контактори и моторни заштити, приклучни кабини и клеми, како и за сите големини, класи и типови од наведените компоненти и сите негови можности и придобивки. 

Голем дел од презентацијата беше посветено време на контакторите и сите негови можности за кои се користат. Беа прикажани релеите и моторните заштити, нивните серии, видови, модели и функции  на овој широк спектар на прозиводи  кои се составен дел од индустријата со која работиме и за кои сведочат голем број задоволни клиенити и успешно завршени проекти.

И за крај  на презентација беше претставено Trinity осветлување и  SLV осветлување од “Schrack Technik” кои нудат широк спектар на внатрешно, надворешно и професионално осветлување. Oва осветлување се вметнува во категоријата од ексклузивно осветлување кое ги диктира најновите трендови за кои “Лекс Електрик ДООЕЛ” ги нуди на пазарот како уникатни. Во понатамошната презентација беа претставени и презентирани разни видови на улично осветлување за кои говорат успешно завршени проекти од наши задоволни потрошувачи. Презентирани беа и други брендови за осветлување со кои соработуваме како што се Ledvance, ATRA, Mareli. 

Самите гости имаа и можност да се запознаат и со други додатоци кои се користат во индустријата како што се приклучоци и приклучни елементи од PCE и високо квалитетен професионален алат од KNIPEX и Wera за кои исто така “Лекс Електрик ДООЕЛ” е генерален застапник.

Благодарност до сите посетители што не удоствоивте со Вашето присуство, за кои ние како компании “Теком ДОО” и “Лекс Електрик ДООЕЛ” се надеваме на долгогодишна и успешна соработка. На крај од настанот сме задоволни што можевме да размениме разни искуства…

Организатори:                                                                                     

Ген. Дир. Радослав Ристов – “Теком ДОО” Кочани

Ген. Дир. Зоран Лековски – “Лекс Електрик ДООЕЛ” Скопје

Тех. Дир. Миќо Бојаровски – “Лекс Електрик ДООЕЛ” Скопје

Презентери:

Шински систем од 60мм – Тех. Дир. Дип. Ел. Инж. Миќо Бојаровски

Автоматика – Дип. Маш. Инж. Ристо Мијов

Осветлување – Дип. Ел. Инж. Никола Милев