ЗА НАС

                   ЛЕКС ЕЛЕКТРИК – ПАРТНЕР ОД ДОВЕРБА

   Нашата успешна приказна започнува од 2000-та година. Врвниот квалитет на производите, компетентноста, посветеноста и долгогодишното искуство ни дозволува да се истакнеме како лидери на пазарот за електроматеријали во Македонија.

   Располагајки со високо стручен кадар и магацин со над 15000 производи, нудиме најсоодветноо решение за потребите на купувачите преку директна продажба, инженеринг и производство на прилагодени разводни системи.

   Нашата единствена и основна цел е задоволство и доверба на нашите клиенти, соработници и вработени. Развојот и успехот на компанијата го градиме преку развој на вработените и работниот амбиент.

   Да се биде исклучителен, иновативен и постојано во чекор со трендовите од областа на нашата дејност е наш најголем предизвик.

   Нашата визија е да обезбедиме постојан развој на компанијата преку ефикасна продажба и производство фокусирани на потребите на потрошувачите.

     Основач и Генерален Директор

ЗОРАН ЛЕКОВСКИ