Вангел Нечевски Бр.8, Визбегово, 1000 Скопје

++ 389 2 3097 132

info@lekselektrik.com.mk

ПРЕЗЕНТАЦИЈА ” HENSEL “

Почитувани, 

    Ние како ” Лекс Електрик” сакаме и официјално да Ви ја претставиме соработката со “Hensel GmbH ” Германија, еден од најголемите брендови за дозни, разводни табли и кутии, ормари и додатоците кои се потребни за овие продукти. По тој повод на 30.11 2019 имавме едукативен настан со кој бевме сведоци за можностите кои ги нуди овој бренд во индустријата. 

   Продуктите од овој бренд имаат широка примена во сите видови на индустрија. Тие се стандардни за сите типови на инсталации, имаат стабилен дизајн и препознатливи се по отпорноста во различни околности и влијанија. 

   Квалитетот на самите “Hensel” продукти нуди највисоко ниво на заштита против корозијата и инцидентите настанати од електрични струи. Тие се отпорни на UV зрачење, прашина и вода. Без разлика на надворешни влијанија од топлина, студ, влага и прашина, продуктите на ”Hensel” се лесни за користење во екстремни околини и под тешки услови. 

   Продуктите наоѓаат примена во следните иднустрии: Банки, Осигурителни компании, Автомобилска индустрија, Ладилници, Бензински пумпи, Болници и клиники, Хотели, Кина, Фабрики за метал, цемент, дрво, хартија, Телекомуниции, Школи, Универзитети, Јавни превози, Тунели, Патишта, Фотоволтаични станици, Бродоградилишта и разно разни објекти и установи. За да ги задоволуваат потребите на сите наведени објекти и индустрии тие ги поседуваат сите сертификати кои ги бараат стандардите.  

   Голема чест ни е Нам како компанија ” Лекс Електрик ” која е веќе 20 години на пазарот, да Вe поканиме и да Ви ги претставиме производите, да ги запознаете придобивките од самите нив во нашиот изложбено продажен салон.  

Филип Петровски

Marketing