Вангел Нечевски Бр.8, Визбегово, 1000 Скопје

++ 389 2 3097 132

info@lekselektrik.com.mk

Посета на студенти од ФЕИТ на HENSEL презентација во Лекс Електрик

 

Компанијата Лекс Електрик (https://lekselektrik.com.mk), со која Факултетот за електротехника и информациски технологии има потписано меморандум за соработка, на ден 18 и 19.10 2021 на плацот на компанијата организираше презентирање на опрема од компанијата HENSEL – Германија (повеќе на http://www.hensel-electric.de). Презентацијата ја посетија група студенти од нашиот факултет предводени од М-р Љупчо Карајановски. Покрај тоа студентите се запознаа со работата на компанијата како и потребите на компанијата од стручни кадри кои ќе завршат на нашиот факултет.

Воедно беше договорена и понатамошна посета – пракса за студентите согласно ковид мерките и препораките.

Голема благодарност до компанијата и вработените за одвоеното време и прекрасниот прием.

ПРЕВЗЕМЕНО ОД : https://feit.ukim.edu.mk/